27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSeat го претстави кросоверот 20V20 (фото)

Seat го претстави кросоверот 20V20 (фото)

kros seat

На почеток на 85-тиот меѓународниот саем за автомобили во Женева, „Seat“ ја одржи презентацијата на концептната верзија на идниот сериски кросовер модел кој се појави во продажба во 2016-та.

Од шпанскиот производител велат дека при дизајнирање на концептот „20V20“ сакале во автомобилот да комбинираат спортски изглед и елеганција во „SUV“ возилата.

kros seat1

„Seat 20V20“ е долг 4,66 m, со меѓуосовинско растојание кое изнесува 2,79 m, додека растојанието на кросоверот од земја е 22,8 cm.

Kонцептот е поставен на 20-инчни алуминиумски тркала,а има препознатлив дизајн, со доста остри линии, која е карактеристична за новата генерација на возила на марката „Seat“.

kros seat2

Возилото е наменето пред се за превоз на 4 возрасни патници, но по потреба на задните седишта можат да се превезат и 3 лица.

Багажникот нуди 600 литри корисен простор.

kros seat3

Кога во 2016-та ќе се појави продукциската верзија, не треба да се очекуваат големи промени во дизајнот на надворешноста.

На купувачите секако ќе биде понуден автомобил кој ќе има тракала со помали димензии, додека ентериерот би требало да добие конвенционален изглед.

kros seat4

„Seat“ не објави детали за погонскиот систем, но се очекува на располагање да бидат познатите „TSI“ и „TDI“ бензински и дизел мотори на групацијата „VW“, како и верзија со преден, но и „4×4“ погон.

Серискиот модел ќе се произведува во фабриката на „Škodа“ во Чешка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП