18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПровизиите ја намалија добивката на Barclays за 2014-та година

Провизиите ја намалија добивката на Barclays за 2014-та година

bar 3

Британската банкарска група „Barclays“, спонзор на Англиската Премиерлига, забележа остар пад во профитот поради големи провизии, објави „ВВС“. Профитот пред оданочување за 2014-та година е намален за 21% до 2,26 милијарди фунти.

Групацијата ги зголемила залихите за покривање на евентуални санкции како резултат од истрагата за местење на девизниот пазар од 750 милиони до 1,25 милијарди фунти. Без овие и други обезбедувања, профитот порасна за 12% или до 5,5 милијарди фунти.

Банката го намали износот за бонусите на вработените за 22% или до 1.86 милијарди фунти. Шефот Ентони Џенкинс ќе добие бонус од 1,1 милиони фунти во 2014-та година – неговиот прв како извршен директор, со што вкупната награда за минатата година достигна 5,5 милиони фунти.

Според шефот банкарската групација е посилна и има добри изгледи од кога и да било по финансиската криза. Џенкинс го заштити бонус, тврдејќи дека банката ги намалила оперативните трошоци за 9% или до 19 милијарди, со што е постигнат огромен напредок.

За големите суми издвоени за покривање на судските трошоци, казни и надоместоци, тој рече дека е убеден дека банката нема да ги повтори истите грешки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП