19 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИOва е паметниот часовник на Huawei (фото+видео)

Oва е паметниот часовник на Huawei (фото+видео)

pam huawei

До неодамна „LG-G Watch R“, а подоцна и „Urbane LTE“ верзијата беа пример за дизајнерски најубавите паметни часовници.

Меѓутоа титулата за најубав, сега без проблем може да ја понесе уредот на „Huawei“, но бидејќи станува збор за вкусови, затоа што таа работа е поединечна, за тоа нема да зборуваме и веднаш ќе преминеме на техничките детали.

pam huawei1

Значи, дизајнот е тркалезен, а наместо пластика во „Huawei“ се одлучиле да користат нерѓосувачки челик со што воедно се наметнува и сериозен впечаток.

Екранот исто така е тркалезен (AMOLED), има димезија од 1,4-инчи (дијаметар 42 mm), резолуција од 400 x 400 пиксели со густина од 286 ppi. Oд гребаници и останатите оштетувања е заштитен со помош на сафирно стакло. Процесорот во овој уред е „Qualcomm Snapdragon 400“, има 512 MB RAM и 4 GB интерна меморија.

pam huawei2

Тука е 6-axis сезорот за движење, како и сензорите кои овозможуваат следење на работата на срцето, потрошувачката на калории, изминатото растојание и слично. Накратко во еден уред имате и часовник и фитнес нараквица.

„Huawei“ за разлика од „LG“ не развиваше сопствена платформа, туку се потпра на „Google“ и неговата „Android Wear“ платформа. Цената и времето за достапноста на уредот за жал не се познати, како ни капацитетот на батеријата. Но познато е дека овој паметен часовник ќе биде достапен во 20 земји ширум светот, влучувајќи го и европскиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП