4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајбогатите луѓе во светот: Бил и Карлос и понатаму на чело на...

Најбогатите луѓе во светот: Бил и Карлос и понатаму на чело на листата

MDG Bill Gates and Carlos Slim

И покрај падот на сировата нафта и слабеењето на еврото, на богатството на најбогатите тајкуни не влијаеа економските превривања во светот па така „Forbes“ направи листа од 1.826 милијардери со вкупно богатство од околу 7.050 милијарди долари, што е раст од минатогодишните 6.400 милијарди долари.

Само во текот на 2014 година, светот се збогати со 290 нови милијардери, од кои 197 жени (раст од 172 претходната година).

Бил Гејтс и понатака е најбогат во светот и тоа во неверојатни 16 од последните 21 година, а неговото богатство само во изминатата година пораснало за 3,2 милијарди долари на 79,2 милијарди долари, и покрај подарокот од 1,5 милијарди од акциите на Мајкрософт во „Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс“ во ноември 2014 година.

Карлос Слим и понатака е на второто место, додека Ворен Бафет го презема третото место од шпанецот Амансио Ортега. Благодарение на растот на акциите на „Berkshire Hathaway“, Бафет е и најголемиот добитник минатата година со раст на богатството од 14,5 милијарди долари, на 72,7 милијарди долари.

Бил Гејтс

Место: 1

Богатство : 79.2 милијарди долари (+ 3.2 милијарди во 2014)

Карлос Слим

Место: 2

Богатство: 77.1 милијарди долари (+ 5.1 милијарди во 2014 година)

Ворен Бафет

Место: 3

Богатство: 72.7 милијарди долари (+14.5 милијарди во 2014)

Амансио Ортега

Место: 4

Богатство: 64.5 милијарди долари (+ 500 милиони во 2014)

Лери Елисон

Место: 5

Богатство: 54.3 милијарди долари ( + 6.3 милијарди во 2014)

Чарлс Кох

Место: 6

Богатство: 42.9 милијарди долари (+2.9 милијарди во 2014)

Дејвид Кох

Место: 7

Богатство: 42.9 милијарди (+2.9 милијарди во 2014)

Кристи Волтон

Место: 8

Богатство: 41.7 милијарди долари ( +5 милијарди во 2014)

Џим Волтон

Место: 9

Богатство: 40.6 милијарди долари (+5.9 милијарди во 2014)

Лилијан Бетенкур

Место: 10

Богатство: 40.1 милијарди (+5.6 милијарди во 2014)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП