21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром загуби една третина од профитот

Газпром загуби една третина од профитот

Russia Ukraine

Нето профитот на „Газпромнефт“ во 2014 година изнесувал 122,09 милијарди рубљи (1,96 милијарди долари), што е за 31,4 проценти помалку отколку во 2013 година, соопшти компанијата.

Корегираниот нето профит наменет за акционерите е зголемен за 3,7 проценти, на 188,45 милијарди рубљи, пренесува Интерфакс.

Приходите на „Газпромнефт“ за 2014 година пораснале за 12,4 проценти, на 1,690 милијарди рубљи. Корегираната ЕБИТДА (добивка пред оданочување, камати и амортизација) е зголемена за 1,7 проценти, на 342,61 милијарди рубљи.

За девет месеци од минатата година нето профитот на компанијата изнесувал 139,5 милијарди рубљи.

На тој начин загубата на „Газпромнефт“ поради курсните разлики во четвртиот квартал изнесува 17,4 милијарди рубљи во однос на добивката една година претходно, се наведува во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП