3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLumia 640 и 640 XL (фото)

Lumia 640 и 640 XL (фото)

640 lumia

Со оглед дека претставувањето на „high-end“ предводникот очигледно е одложено за наесен кога  пристигнува и „Windows 10“, „Microsoft“ претстави се уреди од средна класа. Станува збор за моделите „Lumia 640“ и „640 XL“.

Помалиот модел, „Lumia 640“ има 5-инчен екран со резолуција од 1.280 x 720 пиксели со густина на приказ од 294 ppi. Вграден е процесор со 1.2-гигахерци „Snapdragon 400“, 1 GB RAM и 8 GB вградена меморија со поддршка за мемориска картичка со капацитет до 128 GB.

Задната камера има резолуција од осум мегапиксели, предната од еден мегапиксел, а во смартфонот се испорачува со батерија од 2.500 mAh. Димензиите на уредот изнесуваат 141,3 x 72,2 x 8,85 mm, додека неговата тежина е 145 грама. Препорачаната продажба цена ќе изнесува 140 евра.

640 lumia xl

Поголемиот и подобар модел „Lumia 640 XL“ има 5.7-инчен екран со резолуција од 1.280 x 720 пиксели со густина на приказ од 259 ppi. Во однос на помалиот модел подобри се камерите – задната има 13 мегапиксели, а предната пет мегапиксели, додека вградената батерија е од 3.000 mAh.

Димензиите на овој смартфон се 158 x 81 x 9 mm, a неговата тежина е 171 грама. Препорачаната продажна цена на уредот изнесува 190 евра.

Испораката на двата смартфони ќе започне во април, а со купувањето ќе се добива и едногодишна претплата на „Office 365 Personal“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП