27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПогледнете како се прави првиот автомобил на водород (видео)

Погледнете како се прави првиот автомобил на водород (видео)

pro mirai1

„Toyota“ неодамна да ја стартуваше сериско производство на моделот „Mirai“, својот прв автомобил кој како погонско гориво користи водород. „Mirai“ се изработува во фабриката Мотомачи во Јапонија, а компанијата објави неколку кратки видео снимки на кои е прикажано производството на ова возило.

Иако првиот човек на „Tesla Motors“, Илон Маск, не мисли така, „Toyota“ е потполно уверена дека со погонот на водородни ќелии ќе имаат иднина.

Јапонската компанија овозможи да погледнеме во погонот во кој се изработува нивниот првенец со водородни горливи ќелии. Во реновираната производна линија на која претходно се составуваше „Lexus LFA“, две години по претставувањето на производството на овој супер-спортски модел, се монтира „Toyota Mirai“.

Првото видео ја прикажува внатрешноста на фабриката:

Постапката за производство се состои од три главни етапи.

Во правата фаза во автомобилот се вградување на електричната инсталација, компонентите од инструмент таблата, задната светлосна група, батериите за складирање на електрична енергија, тапацирот на покривот:

Другата фаза меѓу останатото подразбира вградување на водородни горливи ќелии, резервоар за водород (чија херметичност се проверува со помош на хелиум), мотор, преносниот систем:

Во завршната етапа на производството на моделот „Mirai“, се инсталираат делови во внатрешноста на возилото, како седиштата, воланот, поставувањето на шофершајбните, комплетирањето и прицврстувањето на вратите:

На крајот, готов автомобил минува низ ригорозна контрола на квалитетот:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП