19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAir Serbia заработи 2,7 милиони евра

Air Serbia заработи 2,7 милиони евра

YU-APE-Air-Serbia-Airbus-A319-100_PlanespottersNet_424540

Српската национална авиокомпанија „Air Serbia“ ја заврши последната деловна година со нето профит од 2,7 милиони евра, а отворени беа повеќе од 400 нови работни места.

Вкупниот приход е зголемен за 87 проценти, односно на 262 милиони евра, додека бројот на патници за 68 проценти, односно на 2,3 милиони, што е најдобриот резултат во историјата на овој авиопревозник.

Капацитетот за превоз на патници, искажан како производ на расположливиот број на седишта и вкупните поминати километри изнесувал 3,3 милијарди, што е за 74 проценти повеќе отколку во 2013 година.

Пополнетоста на капацитетите за превоз на патници е зголемена за три процентни поени, односно на 67 проценти, а обемот на карго превозот е зголемен за 67 проценти на 2.700 тони.

Бројот на патнички и товарни дестинации е зголемен за 16, така што сега се вкупно 40 во 30 земји.

Дополнителните 35 дестинации покриени се во соработка со „код-шер“ партнерите, од кои 11 дестинации со партнерот со удел во сопственоста, „Etihad Airways“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП