21 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовиот предводник на HTC - Моделот One M9 (фото+видео)

Новиот предводник на HTC – Моделот One M9 (фото+видео)

m9

„HTC“ го започна ударно своето учество на „Mobile World Congress“ во Барселона, откако ја покажа новата генерација на својот паметен телефон од висока класа. Моделот „HTC One M9“ цели да го надгради постигнатото од неговите претходници „One M8“ и „М7“.

Новиот модел се потпира на повеќето дизајнерски елементи во куќиштето од претходните две генерации и ги обединува на едно место. Куќиштето повторно е метално, изработено во еден голем дел. На изглед „М9“ не се разликува особено од неговите претходници, но симпатизерите на овој бренд веднаш ќе ги забележат промените.

m9 1

Една од главните забелешки кон „One M8“ беше неговата камера. Со „M9“, „HTC“ се обидува да го коригира тоа, па ја напушти технологијата „Ultrapixel“ и се врати кон класиката. Така на задниот панел на „М9“ се наоѓа камера со 20 МР и можност за снимање на видео во 4К резолуција. Според „HTC“ ова е најдобрата камера која компанијата ја предлагала до моментов. За жал недостасува систем за оптичка стабилизација.

Технологијата „Ultrapixel“ најде место во камерата на предниот панел. Компанијата вели дека таа фаќа до 300% повеќе светлина и помага за живописни слики при слаба осветленост.

m9 2

„One M9“ ги задржува и традицијата телефоните на „HTC“ за да стават акцент над квалитетниот звук. Новиот паметен телефон се потпира на технологијата „HTC BoomSound“ со двојни предни звучници кои се комбинирани со 5.1-канален „Dolby Surround sound“. Кон нив е додадено и „Qualcomm Immersive Audio“.

Смартфонот ќе се потпира на 5-инчен „Full HD“ дисплеј кој е практично идентичен со оној на „One M8“. Сепак, постојат познати подобрувања во квалитетот на боите.

m9 3

Процесорот е осумјадрен на „Qualcoom“ – „Snapdragon 810“. Оперативната меморија е 3GB, а видео обработката е доверена на „Adreno 430“. Вградената меморија е 32GB, а нормално може да се зголемува преку „microSD“ картички.

Вградената батерија е со капацитет од 2840 mAh. Слично на „Galaxy S6“, „One M9“ ќе поддржува режим за брзо полнење на батеријата. Изненадувачки, телефонот се продава со полнач што нема да ја поддржува оваа функција и тој ќе треба да се купи дополнително.

Оперативниот систем на смартфонот е „Android 5.0 Lollipop“. Како и секогаш на него е инсталиран интерфејсот „HTC Sense“. Тука тој е во својата седмата генерација, а става акцент над протокот на информации „HTC Blinkfeed“. Тој веќе ќе може да се става и на самиот заклучен екран на уредот. Корисниците ќе имаат и целосната слобода да ги менуваат дури и иконите и дизајнот на тастатурата.

Продажбата на „HTC One M9“ треба да започнат уште овој месец. Компанијата сепак не ја прецизираше цената на смартфонот, кој ќе се продава во неколку бои, вклучувајќи розово-златна, темна и златна.

m9 grip

Освен тоа „HTC“ ја претстави и паметна нараквица „HTC Grip“. Таа се потпира на фитнес мрежата „Under Armour“ за спортисти и фитнес ентузијасти. Нараквицата е компатибилна со уреди со „Android“ и „iOS“ и нема да зависи од смартфон на „HTC“. Таа располага со вграден „GPS“ и сензори. Освен тоа, може да се поврзе со други уреди и да ги обединува во едно собраните од нив информации.

„HTC Grip“ може да го пресметува дури времетраењето на спиење, како и да го мери времетраењето на длабок и лесен сон. Софтверот може да дава совети за подобрување на квалитетот на сонот. Нараквицата е водоотпорна и има батерија со капацитет од 100 mAh која може да обезбеди до 5 часа работа со вклучен „GPS“.

m9 naocari

Третата новина се очилата за виртуелна реалност развиени со технологијата „Steam VR“ на „Valve“. „HTC Vive“ се очекуваат на пазарот до крајот на годината. „Valve“ и „HTC“ веќе имаат и бројни партнери, кои ќе ја обезбедат содржина за очилата. Заедно со нив ќе се нудат и безжични контролери кои се користат за играње на игри преку „Vive“. Цената и на овој уред останува засега останува непозната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП