20 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSamsung ја претстави новата линија паметни телефони Galaxy 6

Samsung ја претстави новата линија паметни телефони Galaxy 6

ag

Претседателот на јужнокорејската технолошка компанија „Samsung“, Џеј Кеј Шин на презентацијата во Барселона во неделата го објави новиот „најдобар“ паметен телефон на светот Galaxy 6, а почетокот на продажбата на водечкиот модел е најавена за 10-ти април во дваесет земји во светот.

ab

Како што се вели во соопштението на компанијата, Шин посочи некои од карактеристичките на Galaxy 6, во кој според него се собрани сите најпопуларни новитети, како што се безжично полнење, автономен систем за бесконтактни плаќања, можност да се снима во HDR формат, дури и во услови на многу слаба светлина, и многу други.

Премиерното претставување на Galaxy 6 се подготвуваше повеќе од една година. Овој телефон треба да биде „убиственото оружје“ на корејскиот производител во битката со конкурентите, во прв ред со американскиот технолошки гигант Apple кој брзо го освојува пазарот. На специјализираните блогови се појавија десетина неофицијални фотографии на новиот смартфон на Samsung, како и првични информации за неговите технички карактеристики. Во неделата навечер во Барселона, јужнокорејската компанија демонстрираше дека нејзиниот нов производ е веќе подготвен.

ac

Според некои, можеби најважната иновација е изработката на телото на уредот од калено стакло, како на екранот, така и на задната страна. Се сметаше дека широката употреба на пластика од страна на Samsung ги одвраќа премиум корисниците. Еден од портпаролите на компанијата изјави дека им успеало да го создадат најсолидниот паметен телефон на светот. И покрај малата дебелина на апаратот, Samsung цели да го истурка главниот конкурент на пазарот – Apple.

Севкупно дизајнот на новиот смартфон делува пријатно, скапо и помалку потсетува, како на постарите модели на Samsung, така и на водечките модели на Apple. Прилично контроверзно изгледа решението во модификацијата EDGE на Galaxy s6 која прави три екрана, иако всушност станува збор за „протекување“ на фронталниот екран на страните од смартфонот. Тие тесни панели можат да информираат кој ѕвони или да дадат други корисни информации.

ag

Факт е дека Samsung е сериозно насочен да ги потисне конкурентите од пазарот на паметните телефони, како и дека ова претставува отворен удар врз Apple. „Телефонот се полни до 100-процентен капацитет двапати побрзо од iPhone 6“, се вели во соопштението на јужнокорејскиот производител. Се истакнува, исто така, дека 10-минутно полнење е доволно за 4-часовна работа на уредот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП