19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИWhatsApp Web ја шири достапноста

WhatsApp Web ја шири достапноста

web whatsapp

Минатиот месец популарната апликација на „Facebook“ за размена на пораки доби своја веб-верзија, која официјано функционираше само на прелистувачот „Chrome“. Кон крајот на оваа недела од компанијата објавија дека отсега „WhatsApp Web“ може да се користи и на „Firefox“ и „Operа“.

Целата работа на сите три прелистувачи функционира на ист начин – за пријава е потребно со мобилниот да се скенира „QR“ кодот, а системот автоматски го препознава корисникот и сите пораки од мобилниот се синхронизирани и на веб апликацијата. За успешно користење на „WhatsApp“ на веб е потребно мобилен со инсталирана или обновена апликација која цело време е поврзана со Интернет, па така пораките ќе може да се синхронизираат.

WhatsApp Web“ е достапен за корисниците на „Android“, „Windows Phone“ и „BlackBerry“ уреди. Корисниците на „iPhone“ и натаму ја немаат таа можност поради ограничувањето кое го наметнува „iOS“ – скенирање на „QR“ кодот за стартување наредби внатре во „iOS“ апликациите, имено, не е невозможно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП