17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООбрван останува на кормилото на ракометната репрезентација

Обрван останува на кормилото на ракометната репрезентација

635241160709162557_ivica_obrvan

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Ивица Обрван, ќе остане на кормилото на националниот тим барем до завршувањето на квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2016 година.

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија, на седницата која ја одржа во петокот го разгледа извештајот на селекторот за настап на Мундијалот во Катар и реши тој да продолжи со работата.

Македонија на Мундијалот во Катар стигна до осминафиналето каде беше елиминирана од Словенија.

Обрван до јули ќе биде селектор на репрезентацијата, а потоа УО на РФМ ќе се изјасни дали хрватскиот тренер ќе добие нов договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП