4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle во Кина бара нов партнер за смартфонот „Nexus“

Google во Кина бара нов партнер за смартфонот „Nexus“

kina nexus

Досега компаниите „HTC“, „Samsung“, „LG“, „Motorola“ и „Asus“ беа партнери со „Google“ во нивната линија на уреди „Nexus“ кои го користат „Android“ оперативниот систем, а последната соработка со „Motorolа“ го донесе гигантскиот „Nexus 6“.

И покрај гласините кои се појавија во текот на минатата година, дека „Google“ ќе ја прекине својата линија на телефони, најголемиот смартфон во серијата „Nexus“ го здогледа светлото на денот и покажа дека оваа серија ќе продолжи понатаму.

Се претпоставува дека можната презентација на новиот „Nexus“ телефон најверојатно ќе се одржи кон крајот на годината, веќе сега започнаа да се појавуваат гласини со кого „Google“ ќе започне соработка. Според нив, „Google“ на новиот смартфон кој најверојатно ќе се нарекува „Nexus 7“, ќе работи со една кинеска компанија.

Во овој момент не е познато за која точно станува збор, но тоа би можела да биде некоја од кинеските гиганти како што се, „Xiaomi“, „Huawei“ и „Lenovo“.

Имајќи во предвид дека Хуго Бара од „Google“ неодамна премина во „Xiaomi“ и стана потпретседател на оваа компанија, таа е главниот кандидат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП