1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВака изгледа редизајнираниот Peugeot Partner (фото+видео)

Вака изгледа редизајнираниот Peugeot Partner (фото+видео)

partner

Само еден ден откако „Citroen“ го откри редизајнираниот „Berlingo“, другата марка од концернот „PSA – Peugeot“, го покажа својот модернизиран „Partner“. Моделот е со бројни новини, како во дизајнот, така и во технологијата и ќе има премиера на саемот во Женева.

partner1

Двете верзии на моделот – „Partner“ и „Partner Tepee“, се опремени со различна предница, извршена во стилот на најновите модели на „Peugeot“, вклучувајќи го и „Boxer“. Интересна подробност се новите елементи на предниот браник, кои можат да бидат лесно заменат во случај на гребнатини. Освен тоа „Partner“ нуди како опција два пакети за надворешна персонализација – „Look“ и „Look Intégral“. Кај „Partner Tepee“ пак е достапен пакет „Outdoor“ кој има елементи од светот на кросовери.

partner2

Ентериерот на обновените верзии може да биде опремен со инфо-систем со 7-инчен дисплеј, камера за возење наназад, систем за итно сопирање, предни паркинг сензори, системот за подобрена тракција при различни услови „Grip Control“ и друго.

partner3

Редизајнираниот „Partner“ е достапен со богата палета на бензински „VТi“ и дизел „Blue HDi“ мотори кои го покриваат стандардот „Евро6“. Тие се нудат со моќност меѓу 75 и 120 КС, а во просек се за 15% поекономичен од агрегатите на претходникот.

partner5

Моделот „Partner Electric“ е целосно електричен и има автономна километражата од 170 км. Овој модел има 67 КС и 200 Нм и развива максимална брзина од 110 км/час.

partner4

„Partner“ е достапен во две должини – 4,38 м или 4,63 м, и со два вида на кабина. „Partner Tepee“ може да се нарача со 5 или 7 независни седишата, а демонстрира зафатнина од 675 литри и до 3000 литри.

Премиерата на новите „Partner“ и „Partner Tepee“ ќе се одржи во Женева.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП