19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКампања за користење „Траен налог“ за плаќање на сметките за струја

Кампања за користење „Траен налог“ за плаќање на сметките за струја

evn

ЕВН Македонија започна заедничка кампања со банките за промоција на трајниот налог како опција за редовно плаќање на сметките за електрична енергија.

– Плаќањето на сметките за електрична енергија преку траен налог бара минимален ангажман на корисникот, а за возврат значи сигурно редовно подмирување на долговите за електрична енергија. Трајниот налог практично е алатка за сигурно плаќање на сметките за електрична енергија на време секој месец, избегнувајќи ја можноста за камата за задоцнето плаќање, како и автоматско плаќање при што се избегнува чекањето на редови во банките и другите места за наплата, велат од компанијата.

Склучувањето на траен налог, посочуваат, е едноставно и брзо.

– Се што треба да направи корисникот е да отиде во најблиската експозитура на неговата банка и да склучи договор за траен налог. Со цел да се олесни склучувањето на трајниот налог, развиен е и унифициран формулар функционален во повеќето банки. Формуларот корисниците можат да го преземат и од веб страната на ЕВН Македонија, како и во сите приемни канцеларии низ Македонија. Дополнителни информации може да се добијат во контакт центарот на ЕВН Македонија, на 0890 12345, нагласуваат од ЕВН Македонија.

Трајниот налог ќе се промовира во просториите на Комерцијална, Стопанска и Тутунска банка, а како опција за плаќање постои и во останатите банки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП