15 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗошто мобилните телефони на преклоп се повторно во мода?

Зошто мобилните телефони на преклоп се повторно во мода?

mob preklop

Додека ние ја очекуваме ерата на паметни часовници кои ќе комуницираат со останатите уреди, да се потсетиме на времето кога „висевме“ на телефоните исклучиво за испраќање „sms“ пораки.

Во високотехнолошката Јапонија, која со своите мобилни уреди редовно е неколку години пред остатокот на светот, последните неколку месеци се почесто може да се видат луѓе кои често телефонираат по пат на стартите добри мобилни телефони на преклопување.

Шок и неверување!

Дали во билска иднина телефоните ќе бидат претерани со сите оние различни димензии, напредни опции, константен приклучок на интернет и ред други работи?

Да се потсетиме зашто ги сакавме нашите „цигли“.

1. Едноставност.

Кога ќе го погледневте менито на мобилниот телефон од почетокот на милениумот, светот изгледаше како детство, како многу едноставно место за живот.

2. Слободни раце.

Се можеше да се направи со една рака, некогаш само и со палецот. Зимски бонус – не беше потребно да се тргне ракавицата за ракување на „touchscreen“.

3. Цена.

Неколку илјади денари се поевтини, што е особено прифатливо кога одеднаш ќе останете без телефон.

4. Батерија, долготрајност и замена.

Нема панично трчање низ град и барање на полнач, затоа што батериите траеа барем два дена и лесно можеа да се променат.

5. Издржливост.

Кога телефонот ќе падне на под, ќе се раздели во сто делови и за некое чудо лесно може да се состави со минимални гребаници. А тука е и легендарната „Nokia 3310“ со која се крши секоја површина во случај на потреба.

6. Безбедност.

Убави се сите тие апликации, но за проблемите поврзани со приватноста кои доаѓаат со некои од нив, не сакате ниту да размислувате.

7. Мир од нотификации.

Нема постојано гледање во екранот, затоа што често нешто ви излегува и бара ваше внимание и одговори.

8. Големина.

Понекогаш само сакате да го ставите телефонот во џеб и да го заборавите дека е таму, наместо да се натпреварувате за простор во панталоните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП