„Airbus Group NV“ ќе го зголеми производството на популарниот модел „A320“, откако најголемиот производител на авиони во Европа најави раст на профитот за минатата година со 59%.
Нето добивката на компанијата базирана во францускиот град Тулуз достигна 2,3 милијарди евра во споредба со 1,5 милијарди евра, една година порано. Продажбата за периодот пораснаа за 5% или до 60,7 милијарди долари.
Од „Airbus“ изјавија дека ќе сакаат да произведуваат месечно до 50 авиони од моделот „A320“ од почетокот на 2017-та година. Вториот по големина светски производител на авиони, кој во моментов составува по 42 машини месечно, планира да достигне месечна стапка на производството од 46 единици во следната година.
Компанијата исто така планира да го намали дополнително производството на својот модел „A330“ до шест авиони месечно во 2016-та година. „Airbus“ сега изработува 10 авиони, а ќе го ограничи производството до девет подоцна во оваа година во услови на пад на побарувачката за овој модел.
Освен тоа, францускиот производител очекува испораките да нараснат дополнително во оваа година. Тоа најверојатно ќе и овозможи на компанијата да успее да ја качи и дивидендата.
„Airbus“ трет пат поред е пред големиот конкурент Boeing, претворајќи се во најуспешниот производител на авиони во светот за 2014-та година. Европската компанија го зазеде челното место и во последните две години, а во овој декември забележа рекордни над 400 нарачки.