12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАлеш Пипан се врати во МЗТ

Алеш Пипан се врати во МЗТ

ales-pipan

Словенецот Алеш Пипан по 18 месеци се врати на клупата на МЗТ Скопје Аеродром, потврди клубот на својата интернет страница.

Пипан минатата недела доби отказ во Олимпија, откако загуби во полуфиналето на Купот на Словенија од Златорог. Инаку Пипан ќе дебитира на клупата на МЗТ токму против Олимпија вo недела.

МЗТ во АБА лигата има серија од пет порази и се наоѓа на претпоследното место на табелата со само шест победи во 22 одиграни натпревари.

Пипан кој со МЗТ ја освои двојната круна во сезоната 2012/2013 ќе биде петтиот тренер на тимот од Аеродром по Сагадин, Стефанов, Митев и Јончевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП