18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Telekom ја намали загубата во четвртиот квартал

Deutsche Telekom ја намали загубата во четвртиот квартал

dt telecom

„Deutsche Telekom“ извести во четвртокот дека во четвртото тромесечје во 2014-та година работел  со значително помала загуба во однос на истиот период од претходната година благодарение на подобрите резултати на американскиот, но и на матичниот германски пазар.

Во последните три месеци од минатата година компанијата забележала нето загуба од 110 милиони евра, која е поврзана со негативниот ефект од депрецијацијата и отписите во износот од 2,8 милијарди евра.

Во истиот период од минатата година „DT“ забележа нето загуба од 752 милиони евра.

Доколку се изземат негативните фактори, „DT“ во последниот квартал од 2014-та година, забележа прилагодена нето добивка од 399 милиони евра. Прилагодената добивка пред оданочување, камати, депрецијација и амортизација (EBITDA) порасна за 9,5 отсто, на 4,4 милијарди евра.

Нето приходите се зголемени во четвтото тромесечје за 8,5 отсто во однос на истиот период лани, на 17 милијарди евра. Доколку се изземе влијанието на валутните курсеви и промените во составот на групацијата, растот изнесува 5,6 отсто.

Од „DT“ особено го издвојуват растот од 1,8 отсто на поголемите приходи од мобилните услуги на матичниот германски пазар и 27,5 отстотниот скок на прилагодениот „EBITDA“ во американската подружница „T-Mobile US“.

„Ја вративме групација на пат на раст и ќе продолжиме одлучно во таа насока“, истакнува извршниот директор Тимотеус Хетгес.

За цела 2014-та година компанијата остарила нето добивка од 2,9 милијарди евра, потикната од продажба на уделот во групацијата „Scout“. Во 2013-та година групацијата забележа нето добивка од 930 милиони евра.

Прилагодената нето добивка е намалена во 2014-та година за 12,1 отсто, на 2,4 милијарди евра, под влијание на „се поизразена депрецијација и амортизација поврзани со засилените инвестициите во мрежата“ и вклучувањето на резултатите на американски „MetroPCS“.

Годишните нето приходи пораснаа за 4,2 отсто, на 62,7 милијарди евра.

Германскиот телекомуниакциски гигант ,минатата година инвестираше 9,5 милијарди евра во мрежата, што е 7,5 отсто повеќе во однос на 2013-та година.

Врз основа на годишните резултати предложена е исплата на дивиденда од 50 евроценти по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП