26 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗошто да не брзате со купување на Galaxy S6? (фото)

Зошто да не брзате со купување на Galaxy S6? (фото)

sestica

Светот е во исчекување на топ-моделот на „Samsung“ – „Galaxy S6“, а најверојатно неговата презентација ќе се одржи на 1-ви март во Барселона.

И додека за смартфонот се појавија многу работи на интернет и очекувањата се дека ќе биде најдобар „Android“ уред во моментов, сепак потрошувачите можеби треба да се замислат дали треба веднаш да го купат.

Причината – ако историјата се повторува, тогаш цената на уредот за шест месеци по неговото претставување може да е до 28% пониска во споредба со своето деби, според прогнозите на консултантската компанија „Idealo“.

Три месеци по дебито уредот може да е за 17% поевтин, со оглед на историјата кај цените на претходните модели од серијата. Еве како паѓаа цените на моделите од серијата „S“:

ceni galaksi

Ова се цените по кои би требало да се продава премиум телефонот на „Samsung“:

Samsung Galaxy S6 32 GB: 749 euros ($849 USD)

Samsung Galaxy S6 64GB: 849 euros ($963 USD)

Samsung Galaxy S6 128 GB: 949 euros ($1,706 USD)

Samsung Galaxy S6 Edge 32 GB: 849 euros ($973 USD)

Samsung Galaxy S6 Edge 64 GB : 949 euros ($1073 USD)

Samsung Galaxy S6 Edge 128 GB : 1049 euros ($1173 USD)

Инаку смартфонот се очекува да е со 64-битен осумјадрен процесор. Екранот најверојатно ќе биде 5.1-инчен со резолуција од 2560 x 1440 пиксели, а заситеноста од 577 точки по инч.

Камерата на смартфонот ќе е 20 мегапикселна, а предната ќе е од 5 мегапиксели. Смартфонот се очекува да се нуди во три варијанти – со 32, 64 и 128 GB внатрешна меморија. Батеријата ќе има капацитет од 2550mAh, а ќе има опција за брзо полнење и употреба до 4 часа со 10-минутно полнење. Батеријата ќе може да се полни и безжично.

Смартфонот ќе е со тело од метал и стакло, а дисплејот ќе биде исклучително здрав, затоа што ќе се користи технологијата „Gorilla Glass 4“.

Се очекува производителот да ја предложи сопствена верзија за плаќање – „Samsung Pay“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП