20 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle ќе го користи безбедносниот софтвер на BlackBerry

Google ќе го користи безбедносниот софтвер на BlackBerry

gsmarena_001

Канадскиот производител на паметни телефони „BlackBerry“ склучи договор за партнерство со корпорацијата „Google“ повразно со софтвер за безбедност на мобилните телефони, кој ќе нуди екслузивно опкружување за издвојување на линчни и бизнис податоци.

„BlackBerry“ константно губи корисници, па овој потег е обид на канадската компанија да ја прошири потенцијалната база на корисници.

„BES12“, како што се нарекува софтверот, им овозможува на компаниите далечински да управуваат со уреди и да се спречи било какво истекување на информации и сајбер напади.

Компаниите веќе ја користат технологијата „BlackBerry BES12“ за управување на „Android“ уредите без т.н. „Android for Work“ решенија.

Исто така, „BlackBerry“ се договори со „Samsung“ во минатиот ноември во врска со безбедносните технологии.

Компанијата очекува дека следната фискална година двојно ќе ја зголеми продажбата на софтвер на 500 милиони долари и да го ревитализира растот. На светскиот пазар, уделот на нивните телефони падна под еден процент.

Услугите на новиот софтвер кој барем малку би требало да го ублажи падот, ќе биде достапен од средината на оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП