21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLego забележа раст на профитот

Lego забележа раст на профитот

Plisades LEGO.jpg

Данската компанија „Lego“ соопшти дека минатата година имала профит од милијарда долари.

Компанијата, позната по производствотo на коцки за сложување, соопшти дека за растот на продажбата од 13 проценти на 4,3 милијарди долари особено придонел филмот „The Lego Movie“.

Покрај производството на филмови, „Lego“ бизнисот го прошири и на апликации за мобилни телефони и тимски паркови. Основната дејност сепак се познатите коцки за сложување.

Lego“ соопшти дека побарувачката е особено силна на неговиот најголем пазар – САД, но дека двоцифрен раст на продажбата е забележан и во Велика Британија, Франција, Русија и Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП