4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMitsubishi го покажа дизајнот на идниот ASX (фото)

Mitsubishi го покажа дизајнот на идниот ASX (фото)

kon mici

„Mitsubishi“ не го дочека стартот на саемот во Женева и ги откри првите фотографии и детали за компактниот концептуален модел „XR-PHEV II“. Сериската верзија на автомобилот ќе биде следната генерација на ASX, а дизајнот ќе биде искористен и за други идни кросоверот на брендот.

Новиот концепт „XR-PHEV II“ претставува продолжение на моделот „XR-PHEV“ прикажан во 2013-та година на автосалонот во Токио. Димензиите на возилото се должина од 4490 мм, ширина – 1890 мм и висина – 1620 мм. Растојанието помеѓу двете оски е 2670 мм, а кросоверот е изграден на платформата „GS“ развиена со помош на „Chrysler“.

kon mici1

Автомобилот има погон на сите четири тркала и се потпира на хибриден агрегат. Во него влегуваат бензински турбо-мотор за предната оска и електромотор со моќност 163 КС за задната. За бензинскиот агрегат засега не се откриваат детали, но кај „XR-PHEV“ тој беше со зафатнина од 1.1-литри. Литиум-јонските батерии се со капацитет од 12 kW/h, а од компанијата тврдат дека нивото на штетни гасови „СО2“ кај моделот ќе биде околу 40 g/km.

Останатите детали за автомобилот ќе станат познати во Женева. Очекувањата се дизајнот на хибридниот кросовер да биде искористен не само за следната генерација на „ASX“, но и за редизајнот на „Outlander“, кој најверојатно ќе се појави подоцна оваа година или на почетокот на следната.

kon mici2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП