9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафикон кој ги покажува најбогатите и најголемите земји во светот

Графикон кој ги покажува најбогатите и најголемите земји во светот

des

Одличен чарт циркулира на Твитер од Иан Бремер кој покажува кои земји имаат најсилни економии и колку се големи.

Истражувањето доаѓа од “Меѓународната програма за споредба” на Светската банка, кое е едно од најисцрпното истражување на извори на светското богатство и кој го поседува.

БДП по глава на жител(големината на економијата поделена со бројот на луѓето кои живеат во земјата) се мери на вертикалната Y-оската, а бројот на населението се мери на хоризонталната X-оска.

Еве го графиконот:

des

Можеби изненадува што земји како Русија и Мексико, кои се сметаат за прилично сиромашни, се наоѓаат помеѓу глобалниот просек на БДП по глава на жител.

Исто така јасно е на графиконот колку масивни се Кина и Индија , кои ја сочинуваат скоро половина од популацијата на земји кои се под линијата на “светскиот просек”.

Поголемиот дел од светот, околу 70% се наоѓаат под глобалниот просек( бидејки богатите земји го влечат просекот нагоре).

САД го сочинува поголемиот дел од богатството во светот, со БДП по глава на жител со само “срамежливи” 50.000 американски долари што е за скоро четири пати повеќе од глобалниот просек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП