22 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИМинатата година беа испорачани милијарда Android смартфони

Минатата година беа испорачани милијарда Android смартфони

smar t

Производителите на смартфони лани на светскиот пазар испорачале 1.05 милијарди примероци од овие уреди, кои функционираат на оперативниот систем на „Google“ – „Android”, објави аналитичката компанија „IDC“.

Учеството на „Android“ во овој пазарен сегмент во 2014-та година беше 81,5 oтсто, додека во 2013-та беше 78,7 проценти (802,2 милиони примероци), па така овој систем се најде на првото место според пазарниот удел.

На второ место се наоѓа „iOS“ на „Apple“ со пазарен удел од 14,8 oтсто (15,1 проценти беше во 2013-та), благодарејќи на продажбата на новиот „iPhone 6“. Вкупниот број на испорачани смартфони со „iOS“ достигна 192,7 милиони уреди, oбјави „IDC“.

Што се однесува до останатите играчи на пазарот, на графиконот можеме да видиме дека „Windows Phone“ сега има 2,7 посто удел на пазарот, а може се види дека само уште „BlackBerry“ има 0,4 посто удел на пазарот. Останатите оперативни системи имаат 0,6 проценти удел на пазарот.

Па така можеме да видиме дека вкупно во 2014-та биле испорачани 1.3 милијарди смартфони, што е зголемување во однос на милијарда примероци колку што беа во 2013-та.

gsmarena_002

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП