15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДвојно зголемен профитот на Turkish Airlines

Двојно зголемен профитот на Turkish Airlines

turkis airlines avioniw2

Турската авиокомпанија „Turkish Airlines“ повеќе од двојно го зголемила нето профитот во 2014 година, наведувајќи дека во тековната година планира раст на капацитетот на седишта од 15 проценти.

Компанијата наведува дека минатата година нејзиниот нето профит пораснал 137 проценти, на 845 милиони од 357 милиони долари во 2013 година, додека вкупните приходи истовремено се зголемени за 12,6 проценти, на 11 од 9,8 милијарди долари, пренесува агенцијата Франс прес.

„Turkish Airlines“ минатата година имал рекорден раст на капацитетот на седишта од 16,3 проценти, значително повеќе од просекот во авиоиндустријата од 5,6 проценти.

Со факторот за пополнетоста на летовите над 80 проценти, компанијата очекува дека оваа година ќе превезе 63,2 милиони патници, во однос на 54,7 милиони од 2014 година. „Turkish Airlines“ во моментов превезува 10 пати повеќе патници отколку што тоа беше случај пред 10 години, бидејќи во 2004 превезувал 11,9 милиони луѓе.

Компанијата претходно била целосно во државна сопственост, но уделот на владата во Анкара со тек на време е намален.

„Turkish Airlines“ лета на 273 дестинации ширум светот, што е најголемиот број на дестинации кои некоја авиокомпанијата ги покривала, а до крајот на годината планира да го зголеми тој број на 293 дестинации. Флотата на компанијата во моментов брои 261 авион, а до крајот на годината би требало да порасне на 293. „Turkish Airlines“ до 2021 година планира да ја зголеми флотата на 435 авиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП