Монако и Баер Леверкузен забележаа победи во првите осминафинални натпревари од Лигата на шампионите.
Импресивна е победата на Монако на Емирати во Лондон против Арсенал од 3:1, бидејќи екипата од ‘малото кнежевство’ во фазата по групи на шест натпревари постигнаа само четири, а примија еден гол.
Леонардо Жардим тактички го надмудри многу поискусниот колега Арсен Венгер, му ја препушти играта на домаќинот, притоа затворајќи ги сите приоди кон голот на Субашиќ, а во исто време неговите избраници беа исклучително опасни од контранападите.
Кондогбија во 38.минута со помош на Мертезакер го постигна првиот гол, а ветеранот Бербатов во 53.минута ја зголеми предноста на Монако.
Тој резултат беше активен до 90.минута кога Окслејд-Чембрлен успеа да го намали резултатот, но само две минути подоцна Фереира резализираше една од многубројните контри на Монако и го постави конечниот резултат 1:3.
Леверкузен на домашен терен славеше минимално над европскиот вицепрвак Атлетико, во натпревари со многу темпо и еден црвен картон (Тијаго во 76.минута).
Баер го диктираше темпото ја контролираше играта и на крајот тоа е екипата која може да жали што не забележа повисика победа.
Спахиќ во првото полувреме биеше од работ на шеснаесетникот но Манџукиќ исфрли од гол линијата, а потоа истиот играч ја погоди гредата. Атлетико во првиот дел имаше убави шанси преку Гризман и Тијаго.
Решавачкиот момент се случи во 57.минута кога акцијата на Белараби Чалханоглу ја претвори во гол.
Реванш натпреварите ќе се одиграат на 17.март.