26 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВо целост откриен HTC One M9 (видео)

Во целост откриен HTC One M9 (видео)

htc-4

Само неколку дена пред официјалното претставување, на интернет се појави видео снимка во која детално се покажува новиот смартфон на компанијата „HTC“, моделот „One M9“.

Станува збор за реклама која е фокусирана на задната камера од 20 мегапиксели. Првата работа која сигурно ќе ја забележите, е сличноста на „One M9“ со својот претходник. Позадината на овој паметен телефон е различна поради тоа што на „HTC One M9“ нема дуо-камера, а рабовите околу екранот исто така се намалени, меѓутоа, се друго делува многу познато.

Новиот премиум телефон на компанијата навистина изгледа идентично со „One M8“. Автентичноста на видео снимката ја потврди поранешната менаџерка на компанијата „HTC“, Леиг Моми, на „Twitter“.

„Мачката излезе од торба. Нема никакви изненадувања“, напишала Леиг во својот „твит“.

Според зборовите на еден од челниците на компанијата „HTC“, Џеф Гордон, најдобрата работа која компанијата ќе ја претстави на 1-ви март на Светскиот конгрес за мобилна технологија во Барселона, е нешто за кое никој не се надева. Можно е да станува збор и за „One M9 Plus“ или можеби првиот паметен часовник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП