23 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГодишната добивка на Maersk скокна за 46%

Годишната добивка на Maersk скокна за 46%

maersk_container11-600x0

Данскиот конгломерат „AP Moeller-Maersk“ објави нето добивка од 5,02 милијарди долари за 2014-та година, што остана малку под очекувањата на пазарот.

Профитот на компанијата се зголеми за 46% од постигнатите 3,45 милијарди долари во претходната година. Приходите во минатата и пред таа година пак соодветно достигнаа 47,57 милијарди долари и 47,39 милијарди долари.

И покрај силниот пораст на профитот, компанијата остана под пазарните очекувања за раст до 5,8 милијарди долари.

Покрај финансискиот резултат компанијата најави и намери да се раздели со својот удел од 20,05% во „Danske Bank“ за сума од 5,5 милијарди долари.

Данскиот конгломерат, во кој работат над 88.900 луѓе и е присутен во повеќе од 130 земји, додаде дека ќе врати дел од бираните средства на акционерите од продажбата на уделот. Која ќе е точната сума ќе биде одлучено на годишното Генерално собрание на компанијата во март.

Главната добивка, која ги исклучува еднократните ефекти, се покажа во согласност со очекувањата – 4,53 милијарди долари, во споредба со 3,41 милијарди долари во 2013-та година. Компанијата предвидува главна добивка од 4,5 милијарди долари.

За 2015-та година „Maersk“ очекува главна добивка под оваа од 2014-та година, ако биде исклучена продажбата на „Danske Bank“. Бруто капиталните расходи ќе бидат околу 9 милијарди долари во 2015-та година, во споредба со 8,7 милијарди долари во 2014-та година.

Акциите на компанијата, кои се продаваат на берзата во Копенхаген, нивната цена се зголеми за 5,9 отсто или 14,28 дански круни (2,17 долари).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП