6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG oбјави промо видео за својот луксузен LG Watch Urbane

LG oбјави промо видео за својот луксузен LG Watch Urbane

sat lg 2

Пред скоро две недели, „LG“ го претстави својот најнов носив уред – „LG Watch Urbane“.

Станува збор за стилизиран уред, а најновото видео со кое се промовира овој паметен часновник покажува дека фокусот е насочен токму кон стилот, луксузот и класата која „LG Watch Urbane“ ќе ги има.

„LG“ се фокусира најмногу на луксузните ременчиња кои може да се користат со „LG Watch Urbane“. Тоа што е добро е што корисникот има можност да користи и други ременчиња кои му се допаѓаат, доколку се од 22 милиментри.

Исто така „LG“ се фокусира и на тоа како лицето на уредот може да се прилагоди според потребите на корисникот, од класичен аналоген часовник до модерен дигитален интерфејс.

Од компанијата се уште официјално не објавија колку ќе чини „LG Watch Urbane“ и кога ќе се појави во продажба. Повеќе детали за овој паметен часновник можеме да очекуваме на „MWC 2015“ во Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП