9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСуарез го матираше Сити, Јуве славеше над Борусија

Суарез го матираше Сити, Јуве славеше над Борусија

1424810138182_lc_galleryImage_Manchester_City_v_Barcelo

Барселона и Јувентус стекнаа предност по првите осминафинални натпревари во Лигата на шампиони против Манчестер Сити односно Борусија Дортмунд.

Барселона со една нога е во четвртфиналето откако во Манчестер славеше над Сити со 2:1. Барса по половина час игра стигна до предност од 2:0 со головите на Луис Суарез. Уругваецот кој речиси три сезони играше во Англија, како играч на Ливерпул немаше постигнато гол на „Eтихад“ стадионот.

Барса имаше можност во првото полувреме да го декласира ривалот но изгледни шанси во финишот на првиот дел не реализираа Меси и Дани Алвеш.

Сити во второто полувреме започна да го притиска ривалот, ви воведните пет минути не реализира Насри и Џеко, а набргу Агуеро го налами резултатот. Аргентинецот го постигна деветтиот гол на последните десет натпревари во ЛШ.

Во моментите кога Сити целосно го потисна противникот Клиши го доби вториот жолт картон и мораше да ја напушти играта.

Во финишот Меси во 94.минута не успеа да реализира пенал, најпрвин Харт го одбрани неговиот удар, а одбиената топка Меси ја испрати покрај голот.

Јувентус и Борусија одиграа натпревар со многу темпо, а домаќинот славеше со 2:1. Борусија повеќе ја имаше топката во свој посед, но Јуве двете грешки на одбраната на германскиот тим ги казни со два гола.

Најпрвин во 13.минута при ударот на Мората Вајденфелер лошо реагираше ја одби топката право на ногата на Тевез кој од два метри ја испрати во мрежата.

Пет минути подоцна Кјелини направи почетничка грешка, ја загуби топката од Ројс кој без проблем го совлада Буфон.

Во финишот на првото полувреме од една полуконтра Погба испрати центаршут по земја, на пет метри од голот Мората беше сам и по втор пат го совлада Вајденфелер.

Во второто полувреме Јувентус имаше уште две добри шанси но не погодија најпрвин Тевез, а потоа и Переира.

Реванш натпреварите во Барселона и Дортмунд ќе се одиграат на 11.март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП