3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОваа батерија ќе се полни за речиси една минута (фото+видео)

Оваа батерија ќе се полни за речиси една минута (фото+видео)

baterija 11111

Не постои личност на светот која не би сакала батеријата на својот мобилен телефон да ја наполни за една минута. Иако оваа идеа звучи како невозможна, верувале или не, следната година ќе се појават батерии кои ќе можат да се наполнат за само 60 секунди!

Одделението за нанотехнологија од Универзитетот во Тел Авив случајно откри технологија за брзо полнење на батеријата додека ја испитувале Алцхајмеровата болест. Имено, една петбидна молекула може да апсорбира енергија многу побргу, отколку батеријата на смартфонот која денеска ја користиме.

Меѓутоа, недостаток на брзото полнење е тоа што батеријата ќе биде со помал капацитет во однос на денешните, но тоа нема да претставува голем проблем затоа што ќе може да се наполни за помалку од една минута. Уште една маана е тоа што овие посебно дизајнирани батерии имаат пократок рок на траење.

baterija 111112222

Со цел телефонот бргу да се наполни, корисниците ќе мораат да користат и специјално дизајниран полнач, a уредот ќе мора да има и соодветен софтвер кој ќе ја регулира потрошувачката на енергија.

„Обичен полнач неможе вака брзо да ја наполни батеријата. Поради тоа моравме да создадеме помоќен полнач кој ќе биде поприфатлив, а кој ќе биде доволно мал за да може да се стави во џеб или торба“, вели Дорон Мајерсдорф од компанијата „StoreDot“ која е заслужна за овој нов вид на батерија.

Како што веќе споменавме, добра работа е тоа што за користењето на овие батерии нема да мораме да чекаме долго, со оглед дека компанијата „StoreDot“ очекува тие да се најдат во продажба веќе до крајот на следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП