3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSkoda го покажа заменикот на Fabia RS (фото)

Skoda го покажа заменикот на Fabia RS (фото)

mont fabia

„Skoda“ го покажа спортскиот пакет „Monte Carlo“, кој ќе нуди за новата генерација на хечбекот и караванот „Fabia“. На пазарот пакетот ќе ја замени верзијата „RS“ на моделот, чие производство нема да продолжи заради слабиот интерес.

Дополнувањата кај моделот вклучуваат бандажи со големина од 16 или 17 инчи, црни елементи на браникот, црни куќишта на ретровизорите, затемнети стакла и панорамски покрив. Во кабината се поставени спортски седишта и спортски волан, како и материјали од повисок квалитет.

Модификацијата „Monte Carlo“ ќе се нуди со секој мотор од палетата на новата генерација „Fabia“.

mont fabia1

Тоа ги вклучува 1.0-литарските и 1.2-литарските бензински мотори со моќност меѓу 60 и 110 КС, како и 1.4-литарски дизел со моќ од 70 до 104 КС

Светската премиера на „Fabia Monte Carlo“ ќе се одржи на автосалонот во Женева на почетокот на март. Тогаш ќе бидат познати и цените на моделите, како и кога оваа верзија ќе им биде достапна на купувачите.

mont fabia2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП