„Google“ објави дека ги стекнува патентите за безконтактни плаќања и технологијата на компанијата „Softcard“ која се одржува од операторите „AT&T“, „Verizon“ и „T-Mobile“.
Подоцна оваа година операторите ќе почнат да ги инсталираат во сите смартфони со „Android KitKat“ или понова верзија на апликацијата „Google Wallet“ и ќе активираат можноста за безконтактно плаќање преку „NFC“.
Мобилните плаќања преживуваат сериозен бум во последно време, кој беше дополнително засилен од лансирањето на „Apple Pay“ во минатата есен.
„Samsung“ исто така, планира сериозна офанзива во овој сегмент и неодамна ја купи компанијата „LoopPay“.
Во моментот „Google“ има сервис за плаќања, но тој главно се користи за внатрешни услуги на компанијата и нема интеграција со надворешни добавувачи.