6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRange Rover го освежи моделот Evoque (фото)

Range Rover го освежи моделот Evoque (фото)

evo range rover

Еден од бестселерите на „Land Rover“ – компактниот „Еvoque“, се наоѓа во средината на својот животен пат, што значи дека е време за негово обновување. Од 2011-та година досега од моделот беа продадени речиси 500.000 примероци, а во компанијата се надеваат по редизајнот, овој тренд дури и да се зголеми.

Промените кај компактниот „SUV“ не се кардинални, но пак се доста на број. Во изгледот најважната новина е присуството на нови „LED“ индивидуализирани фарови – за прв пат кај модел на „Jaguar“ и „Land Rover“.

evo range rover1

Променети се и задните светла, а освен тоа предниот браник добил поголеми отвори за воздух.

Во кабината се користат нови и поквалитетни материјали, изменет е и панелот со инструменти. По дотерувањето „Range Rover Evoque“ ќе се нуди со нов мултимедијален систем со 8-инчен екран на допир и различен тапацир на вратите.

evo range rover2

Кросоверот добил и нов 4-цилиндричен турбо-дизел со зафатнина од 2.0 литри. Тој е од семејството „Ingenium“, а ќе се произведува во новата фабрика на „Jaguar“ и „Land Rover“ во Вулверхемптон (Англија). Агрегатот е со две варијанти на моќност – 150 или 180 КС, кои се за 30 кг. полесни од 2,2-литарскиот дизел, кој го користеше моделот. Потрошувачката на гориво е помала за 18%, а таа изнесува 4.8л / 100км.

evo range rover3

Новина кај „Evoque“ е круз-контрол – „ATPC“ (All Terrain Progress Control), кој е позајмен од предводникот „Range Rover“. Кај него возачот поставува брзина до 30 км / ч, а системот сама размислува како да ја мине пречката на патот. Покрај тоа, новата верзија на кросоверот располага со систем за корекција на курсот на движење и со технологија што овозможува автоматско запирање при опасност од фронтален удар.

Дебито на обновениот „Range Rover Evoque“ ќе се одржи на 3-ти март во Женева. А почетокот на продажбата е планиран за август оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП