11 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПристигна долгоочекуваната апликација YouTube Kids (видео)

Пристигна долгоочекуваната апликација YouTube Kids (видео)

deca you

„Google“ го исполни ветеното на крајот на минатата недела и ја пушти за бесплатно симнување специјалната детска верзија на „YouTube“ за „Android“. Изненадувачки, компанијата објави и верзија на апликацијата за „iOS“, која се очекуваше да се појави малку подоцна.

За сега апликациите може да се превземат во САД и избрани региони. Постепено ќе стануваат достапни за повеќе држави.

YouTube Kids“ е посебен проект на интернет гигантот кои сака да направи верзии на најпопуларни услуги за деца. Апликацијата е во согласност со интересите на најмалите, па доаѓа со поедноставен интерфејс во кој има неколку категории со содржини. Во зависност од регионот, апликацијата може да нуди и популарни детски емисии, чиј серии се ноѓаат на „YouTube“.

Целата содржина во „YouTube Kids“ е прилагодена на децата. Таа е поделено на забава, образовние, музика, игри и друго.

Апликацијата е развиена од страна на тим на „Google“, во која учествуваа само родители. Тоа е во согласност и со нивните желби и дава поголема контрола над нивната примена. Така на пример, родителите можат да воведуваат одредено време за работа на апликацијата. Откако тоа се надминува, „YouTube Kids“ автоматски се затвора и заклучува со лозинка.

Апликацијата „YouTube Kids“ е бесплатна и достапна за „Android“ и „iOS“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП