Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг планира да изгради град на брегот на океанот, покрај седиштето на Фејсбук во Сан Франциско, со површина од 80 хектари и да вдоми 10.000 вработени на оваа фирма.
Планот на Цукерберг е наречен “Zee-town“, а градот би требало да биде обезбеден со сите содржини за живот на 10.000 вработени.
Во рамките на градот освен куќи, планирано е да има и супермаркети, трговски центри, хотели, кина. Плацот на којшто треба да почне градењето, Фејсбук го купил за 400 милиони долари и се наоѓа на земјиштето каде моментално се наоѓа седиштето на компанијата.
Архитектот задолжен за градење и осмислување на целиот проект е познатиот Франк Гери, кој го проектирал познатиот музеј Гугенхајм во Шпанија.
На располагање има 200 милијарди долари, пари коишто компанијата планира да ги издвои за овој проект.