22 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовиот предводник на HTC ќе има камера од 20 МР

Новиот предводник на HTC ќе има камера од 20 МР

one m9 htc

Наредната генерација на предводникот на „HTC“ – „HTC One M9“, најверојатно ќе користи камера со 20 МР. Компанијата одлучи да се откаже од своите обиди да ја наметне технологијата „Ultrapixel“ како алтернатива и се враќа кон традиционалните сензори, објави онлајн изданието „The Verge“.

Тие се повикуваат на нови информации за спецификациите на „М9“, кои се појавија пред официјалното претставување на уредот. Се очекува тој да биде прикажан на 1-ви март на самиот почеток на „Mobile World Congress“ во Барселона.

Според податоците новата генерација на смартфонот ќе користи 8-core процесор „Qualcomm Snapdragon 810“ со такт од 2GHz, 3 GB RAM меморија и 32 GB вградена меморија. На располагање ќе има и слот за „microSD“ картички.

Камерата на задниот панел ќе е 20 MP со двоен „LED“ блиц. Сензорот на предниот панел пак ќе е со „Ultrapixel“ технологија која е еквивалент на 4 МР. Оперативниот систем е „Android 5.0 Lollipop“ и како и секогаш, на него е инсталиран интерфејсот „Sense“ на „HTC“. Овој пат во неговата седма генерација.

Општо земено „M9“ го задржува дизајнот на куќиштето е непроменет во однос на неговите претходници. Новините се минимални. Екранот повторно е 5-инчен со „Full HD“ резолуција и не се очекува да има верзија со 4К екран. Вградената батерија на мобилниот телефон ќе има капацитет од 2900 mAh. Се очекуваат и две нови бои – комбинација помеѓу златен и сребрен, како и нова нијанса на сива.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП