3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple ja планира најголемата инвестиција во Европа

Apple ja планира најголемата инвестиција во Европа

Apple Beats Acquisition

Американската компанија „Apple“ во својата објава за медиумите откри дека планира да инвестира 1,9 милијарди долари во изградба на два информативни центри кои за работа ќе користат исклучиво обновливи извори на енергија и дека ќе се отворат стотици нови работни места, пишува Ројтерс.

Информативните центри би требало да се изградат во Ирска и Данска и тоа поради онлајн услугите на „Apple“. Ова ги вклучува „iTunes Store“, „App Store“, „iMessage“, „Maps“ и „Siri“ кои ќе им служат на европските корисници.

Инвестицијата би требалo да биде подеднакво распоредена во земјите, а почетокот на нивната оперативна работа би бил во 2017 година.

Претседателот на управата, Тим Кук, нагласи дека тоа ќе биде најголемата инвестиција на „Apple“ во Европа.

„Пресреќни сме со фактот дека ќе го прошириме нашиот бизнис во Европа, ќе генерираме стотици нови работни места, а притоа ќе ги користиме и најнапредните еколошки достигнувања“, изјави Кук.

Центарот во Ирска ќе биде сместен на западниот бред во градот Атенри, додека во западниот дел од Данска, поточно Виборг, ќе биде новиот дом на другиот нов информативен центар на „Apple“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП