18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗФетел го претстави новиот модел на Ferrari (фото+видео)

Фетел го претстави новиот модел на Ferrari (фото+видео)

488fetel

„Ferrari“ го откри својот нов модел „488 GTB“ за време на специјален настан во Маранело, Италија. Спортскиот автомобил беше возен на сцената лично од четирикратниот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел.

Новиот „488 GTB“ се јавува како наследник на „458 Italia“, а е дел од серијата „буџетски“ модели на „Ferrari“. Кажано поинаку, тој нема да користи „V12“, туку „V8“ мотор.

4883

Агрегатот сепак се разликува значително од оној на претходникот, веројатно затоа што „458 Italia“ отстапува по динамика на далеку подостапни модели како „Nissan GT-R“.

Новиот мотор е би-турбо и има волумен од 3,9 литри. Моќноста му е 670 КС, или речиси слична со показателите на моделот на „Lamborghini“ – „Aventador“. Максималниот вртежен момент на „488 GTB“ исто така импресионира – цели 760 Nm, достапни уште при 3.000 врт/мин.

4882222

Новиот турбо-мотор е искомбиниран со ажурирана верзија на 7-брзински автоматски менувач со две спојки, па осигурува забрзување од место до 200 км/час за само 8,3 секунди. Спринтот од 0 до 100 км/час трае 3 секунди, а максималната брзина на движење достигнува 330 км/час.

Од „Ferrari“ веќе соопштија дека просечната потрошувачка на гориво е 11,4 l / 100 km, а емисијата на „CO2“ е 260 g/km. Тежината на ова возило изнесува 1370 кг.

488111111

Што се однесува до дизајнот на моделот, тој е позајмен, како од „458 Italia“, така и од предводникот „LaFerrari“.

Впечаток оставаат дополнителните отвори за воздух во предниот капак, како и на задните браници. Задниот дел доби „LED“ светла, целосно нов двоен издувен систем и уште еден отвор за воздух, лоциран централно.

4884

Внатрешноста е доста слична со онаа на „458 Italia“, а демонстрира различна централна конзола, апарати за управување, седишта, прибор на инструменти и друго.

Официјалната светска премиера на „Ferrari 488 GTB“ ќе се одржи на 3-ти март во Женева, кога се очекува да бидат соопштени и цените на моделот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП