19 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG ќе претстави нова серија на смартфони

LG ќе претстави нова серија на смартфони

novi lg 254

LG ќе претстави нова палета на мобилни телефони, кои се насочени кон буџетската ценовна класа. Уредите се вкупно четири и ќе бидат прикажани за време на „Mobile World Congress“ во Барселона, кој почнува следната недела, соопшти компанијата.

Два од моделите ќе користат сосема малку криви екрани. Тоа се „LG Magna“ и „LG Spirit“. „LG Magna“ користи 5-инчен екран на допир и 4-core процесор. На задниот дел има 8 МР камера, а на предниот панел сензорот е 5МР. Вградената батерија на овој паметен телефон е со капацитет 2540 mAh.

„LG Spirit“ е со 4.7-инчен екран и со истиот процесор како „LG Magna“. Уредите споделуваат и исти камери и 1GB RAM меморија. Оперативниот нивниот систем е „Android 5.0“. Вградената батерија на „Spirit“ е со капацитет 2100 mAh. Вградената меморија на уредите е 8GB.

Третиот модел е „LG Leon“. Тој е со 4.5-инчен екран и истиот процесор како другите два смартфони. Оперативната меморија е 1GB, а вградените камери, исто така се идентични. Основната разлика е батеријата, која е со капацитет од 1900 mAh.

Последниот предлог во новата палета е „LG Joy“. Смартфонот е со 4-инчен екран. Тој се потпира на dual-core процесор и 5 МР камера на задната плоча, додека онаа на предниот е со VGA резолуција. Оперативната меморија е 512МВ, а вградената – 4GB. Батеријата е со капацитет од 1900mAh. Оперативниот систем е „Android 4.4 KitKat“.

И четирите уреди ќе бидат достапни во верзии со 3G или 4G модули. Смартфоните ќе почнат да се продаваат „во избраните пазари“ уште оваа недела, но засега нивните цени не се познати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП