5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGemalto тврди дека неговите СИМ картички се безбедни

Gemalto тврди дека неговите СИМ картички се безбедни

gemalto karticki

Најголемиот светски произведувач на СИМ картички, холандската компанија „Gemalto“ во чијашто база наводно влегле американските и британските тајни служби, тврди дека нејзините производи се безбедни, се вели во соопштението издадено во понеделникот.

Претходно во петокот американски интернет ресурс за истражувачко новинарство, кој се повикува на таен документ од британското разузнавање предаден од поранешниот соработник на американските шпионски агенции CIA и NSA, Едвард Сноуден, објави дека Американската разузнавачка Агенција за национална безбедност (NSA) и сродната британска агенција „GCHQ“ украле застрашувачки количества клучеви за разбивање на кодот на СИМ картичките што ги произведува „Gemalto“, што им овозможило дискретно да ја пресретнуваат комуникацијата на корисниците на тие картички.

„Првичните наоди покажуваат дека СИМ картичките на „Gemalto“, како што се банкарски кредитни картички, пасоши и други продукти и платформи, се безбедни, и компанијата не очекува големи финансиски штети“, се наведува во соопштението.

Компанијата известува и дека ќе поднесе извештај за истрагата за наводниот инцидент на прес-конференција којашто е закажана во среда, 25-ти февруари, во Париз, во 10.30 часот. Поединости од овој настан ќе бидат достапни на страницата на „Gemalto“ од вторник по 14 часот по средноевропско време, се истакнува во соопштението на холандската компанија.

Компанијата „Gemalto“ произведува околу два милиона СИМ картички на годишно ниво, како и  чипови за кредитни картички од новата генерација, а клиенти и се околу 450 мобилни оператори во светот, вклучувајќи ги и најголемите американски „AT&T“, „T-Mobile“, „Verizon“ и „Sprint“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП