26 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНајдобрите кинески смартфони (фото)

Најдобрите кинески смартфони (фото)

kifon

Кинеските производители на паметни телефони почнаа да се шират се почесто на меѓународните пазари, откако локалниот пазар достигнува ниво на презаситеност и растот во продажба се забави.

Водечките производители, како „Xiaomi“ и „Lenovo“, добиваат се поголема популарност, но мора да работат уште доста за измазнување на својот имиџ. Еве некои од најдобрите уреди понудени во моментов на кинескиот пазар, од кои некои можат да се најдат и на меѓународните пазари, вклучувајќи и кај нас:

„Xiaomi Mi4“

kifon1

„Xiaomi“ успеа да се наметне како компанија, која продаде најмногу смартфони во Кина во изминатата година, надминувајќи го „Samsung“ на лидерската позиција. Компанијата бележи сериозни успеси и на растечкиот индиски пазар, благодарение на уреди како моделот „Mi4“. Тој нуди 5-инчен екран со резолуција од 1080 пиксели, со процесорот „Snapdragon 801“, како и 3 GB RAM меморија. Сето ова во еден уред кој многу наликува на „iPhone“ и тоа за цена од само 370 долари.

„Lenovo Vibe Z2 Pro“

kifon2

„Lenovo“ асоцира во поголема мера со продажба на лаптопи, но таа има сериозни амбиции да стане водечки светски производител на паметни телефони. Моделот „Vibe Z2 Pro“ е соодветен за корисниците кои бараат паметен телефон со голем екран. Со големина на екранот од 6 инчи, износот на неговото тело е помал од оној на моделот „iPhone 6 Plus“, кој има помал екран. Тој е опремен со 16-мегапикселна камера и 32 GB RAM меморија, како и стилски дизајн. Неговата цена стартува околу 450 долари.

„IUNI U3“

kifon3

Ова можеби е една од нетолку популарните кинески брендови на меѓународните пазари. Моделот пријатно изненадува во однос на цената и техничките карактеристики. Тој располага со 5.5-инчен дисплеј со резолуција 2560 x 1440 пиксели (карактеристична за смартфоните од највисока класа), произведен од „Sharp“. Екранот се карактеризира со 538 точки по инч. Процесорот е „Qualcomm Snapdragon 801“ со фреквенција од 2,5 Ghz, а оперативната меморија изнесува 3 GB. Смартфонот има 13 мегапикселна камера од „Sony“ со оптичка стабилизација. Цената му е 370 долари.

„Oppo R5“

kifon4

Кога минатата година беше претставен, моделот за кратко беше сопственик на наградата најдобар тенок паметен телефон во светот. Тој е дебел само 4.85 мм. Располага со 5.2-инчи „AMOLED“ дисплеј со резолуција од 1920 x 1080 пиксели и 13-мегапикселна камера. Цената на уредот е 447 долари.

„ZTE Nubia Z7“

kifon5

Многу од корисниците немаа можност да го купат овој модел поради ограничениот број на примероци, кога беше претставен во јули минатата година. Смартфонот располага со 5.5-инчен дисплеј со резолуција 2560 x 1440 пиксели и заситеноста од 538 точки по инч. Тој има 13-мегапикселна камера со двоен LED-блиц и оптичка стабилизација, како и автофокус. Меѓу главните предности се уште можноста за снимање на видео во 4K формат и видео клипови со 120 слики во минута. Цената на моделот е 300 долари.

„Huawei Honor 6“

kifon6

Смартфонот е со 5-инчен екран со резолуција 1920 x 1080 пиксели и со 3 GB RAM меморија. Батеријата му од 3100 mAh што обезбедува можност за употреба повеќе од ден. Цената му е 380 долари.

„Meizu MX4“

kifon7

Смартфонот има осумјадрен процесор од „MediaTek“, 2 GB RAM меморија и батерија од 3100 mAH. Камерата му од 20.7 мегапиксели од „Sony“ и исто така е меѓу главните карактеристики. Со неа може да се снима 4K видео. Екранот е 5.36-инчен со „Gorilla Glass 3“ и резолуција малку повисока од „Full HD“ – 1920 x 1152 пиксели. Смартфонот почнува да се нуди и на меѓународните пазари, а неговата цена е околу 400 долари.

„OnePlus One“

kifon8

За овој смартфон сме пишувале повеќепати, а многу експерти го дефинираат како најдобар според вредност за „Android“-паметен телефон на 2014-та година. Екранот му е 5.5-инчен, има 3 GB RAM меморија и процесор „Snapdragon“. Цената му е 370 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП