3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИValeant ja купува компанијата Salix за 14,5 милијарди долари

Valeant ja купува компанијата Salix за 14,5 милијарди долари

hi-valeant-hq

Производителот на лекови „Valeant“ постигна договор да ја купи „Salix“. Договорот за компанијата за гастро лекови ќе биде платена целосно во кеш и е во вредност од 14,5 милијарди долари, вклучувајќи го долгот, објави „The Financial Times“.

При склучувањето на овој договор „Valeant“ повторно ќе го искористи почитувањето на декретот во Канада и ниските даноци од 5%, кои нејзе и даваат дополнителен бонус при извлекувањето на корист од стекнувањето. Со седиште во САД, „Salix“ плаќаше ефикасни даноци од 35,2% во изминатите девет месеци на 2014-та година.

„Valeant“ е добро позната по својата политика за кратење на трошоците. Се очекува таа да заштеди дополнителни 500 милиони долари годишно, одделно од заштедените даноци главно преку намалување на трошоците за истражување и развој и други корпоративни режиски трошоци.

Компанијата со седиште во Квебек ќе плати по 158 долари за акција на компанијата чија вредност се тргуваа за околу 86 долари во последните месеци. Причина за тоа беа откриените пропусти во сметководствените книги. Акциите на „Salix“ завршија со тргувањето во петокот по цена од 157,85 долари по вестите за претстојната зделка.

Ова претставува враќање кон големите зделки за извршниот директор на „Valeant“, Мајк Пирсон. Минатата година неговиот обид да го купи „Allergan“ беше запрен, откако „Actavis“ излезе со поконкурентна понуда од 66 милијарди долари.

Купувањето ќе биде финансирано главно преку издавање на долг преку група доверители, вклучувајќи ги „Deutsche Bank“ и „HSBC“. „Valeant“ ќе се здобијат со 4,5 милијарди долари од долгот на „Salix“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП