4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаботнички го освои Купот на Македонија

Работнички го освои Купот на Македонија

rabotnichki-rab

Кошаркарите на Работнички го освоија Купот на Македонија, откако во 23-то негово финале славеа над Кожув со 74:66.

Работнички до девттата Куп титула, прва по 2011 година го предводеше Ѓорѓи Чековски кој е прогласен за најкорисен играч на завршниот турнир.

Финалниот меч во СЦ „Јане Сандански“ донесе целосно израмнета игра во првите две четвртини и целосна доминација на Работнички во третиот период кога  беше решено прашањето на победникот.

Кожув по првото полувреме имаше предност од 34:32, но во третата четвртина играчите на Работнички го затрупаа кошот на Кожув (седум тројки), доминираа во скокот ја добија четвртината со 29:12 и во последниот период влегоа со 15 поени позитива (61:46).

Екипата од Гевгелија се обиде да се врати во мечот во последниот период, меѓутоа налетот и серијата во почетните четири минути од 11:0 Работнички успеа да го одбие и да стигне до заслужена победа.

Чековски со 18 поени, 6 скока и 5 асистенции го предводеше Работнички, Павковиќ постигна 16, Соколов 12, а Мираковски и Гечевски по 9 поени.

Кај Кожув најефикасен Јанушевиќ со 15 поени, два помалку постигна Дунџерски, а Божовиж имаше двоен ефект од 11 поени и исто толку скокови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП