4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNestle го оствари очекуваниот раст

Nestle го оствари очекуваниот раст

M

Швајцарската групација „Nestle“ минатата година ги зголеми приходите, во согласност со прогнозите на аналитичарите.

За тековната година оваа најголема светска прехрамбена компанија предвидува понатамошен раст, и покрај ерозијата на цените во Европа и забавувањето на побарувачката во Азија.

Според соопштението на компанијата, органскиот раст на приходите, односно растот кој не го вклучува валутниот ефект и аквизициите изнесувал 4,5 проценти минатата година, како што очекуваа и аналитичарите, пренесува Ројтерс.

Годишниот приход изнесувал 913,6 милијарди франци (85,15 милијарди евра), додека нето профитот изнесувал 14,5 милијарди франци.

За 2015 година „Nestle“ предвидува органски раст на приходите од 5,0 проценти, со подобрување на маржата и профитот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП