4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИYahoo веќе е третата најголема компанија за мобилно рекламирање

Yahoo веќе е третата најголема компанија за мобилно рекламирање

yahoo serii

„Yahoo“ има генерирано 1.2 милијарди долари приходи од мобилното рекламирање во минатата година, изјави главниот извршен директор на компанијата Мариса Мајер за време на технолошка конференција.

Со околу 575 милиони посетители преку мобилните уреди на месец, „Yahoo“ е „третата најголема компанија за мобилно рекламирање во светот“.

„Мобилната потрошувачка најверојатно е она од кое сум најмногу горда како извршен директор. Инвестициите се исплатија во однос на корисниците, приходите и поминатото време на сајтот. Тие не го надминуваат не само историското наше темпо, што не е тешко, туку дури и стапката на раст на индустријата“, вели Мајер.

Таа, исто така, најави дека во моментов 500 лица работат на мобилната апликација на „Yahoo“, во споредба со само 50 луѓе пред две години.

Компанијата исто така го претстави „Yahoo Mobile Developer Suite“, која ќе овозможува маркетинг на апликации и објавување на реклами, како и други производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП