9 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОд 23-ти февруари стартува YouTube Kids

Од 23-ти февруари стартува YouTube Kids

kids you

По неколку месеци развој, инженерите на „YouTube“ веќе ја подготвија првата апликација за деца. Таа ќе се појави во „Google Play Store“ за „Android“ на 23-ти февруари, објави „USA Today“.

Апликацијата ќе се вика „YouTube Kids“. Таа ќе се разликува од стандардната верзија со елегантен и едноставен интерфејс. Ќе има само неколку големи икони за различните менија, а на почетната страница ќе бидат прикажани моментално популарните детски емисии и филмови. Ќе има и своевидно радио, кое ќе дава пристап до клипови со детски песни. Образовната содржина е посветена во самостојна секција.

Родителите ќе имаат посебна секција со повеќе подесувања со кои им се овозможува поголема контрола над апликацијата. На располагање е и функција која го исклучува по одреден период на време. За да се пушти повторно, ќе треба да се воведе лозинка.

„YouTube Kids“ е развиена од страна на инженерите на видео порталот, кои имаат деца. Апликацијата е тестирана и од специјализирани организации.

„На годишна основа, растот на поминатото време на „YouTube“ е 50%. Но кога ќе погледнеме само каналите кои нудат соодветна содржина за семејства и деца, растот е околу 200%“, коментира Шимрит бен-Јаир, продукт менаџер на проектот. Токму овој чекор е од интерес на „YouTube“ и причината компанијата да направи специјализирана апликација за деца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП