24 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈААтина се обврза на низа реформи

Атина се обврза на низа реформи

grcija-eu-dogovor

Министрите за финансии на еврозоната се договорија во петокот на вонредниот состанок во Брисел за продолжување на програмата за надворешна финансиска помош за Грција за уште четири месеци, со тоа што до понеделник или вторник Атина треба да ги претстави чекорите што ќе ги преземе.

Во заедничката изјава Советот на министрите за финансии на земјите од еврозоната – Еврогрупата, се истакнува дека „грчките власти најдоцна до понеделник 23-ти февруари треба да го изложат првиот список од реформските мерки“. Потоа „институциите“ ќе ја дадат својата првична оцена, дали тие мерки се доволно сеопфатни. Изразот „институции“ сега се користи наместо досегашниот „тројката“, кој многу и’ пречеше на Грција, којашто ја сочинуваат Европската комисија, Европската централна банка (ECB) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Договорот ќе важи само доколку грчкиот документ добие зелено светло на почетокот од следната седмица, или како што изјави претседателот на Еврогрупата, Јероен Дијлселблом, во понеделник или најдоцна до вторник наутро. Во спротивно, грчкото барање за продолжување на програмата ќе биде закопано, што го призна и грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис. „Доколку нашиот предлог не биде прифатен, договорот е мртов. Но, тоа нема да се случи“, рече Вариуфакис на прес-конференцијата  по завршувањето на вонредната седница на Еврогрупата, доцна ноќта во петокот.

Во заедничката изјава на министрите се наведува и дека грчките власти изразиле “силна приврзаност на поширокиот и подлабок реформски процес кој има цел трајно да го подобри растот и изгледите за вработувања, да осигури стабилност и отпорност на финансискиот сектор и да ја зголеми социјалната правда“.

Грчката влада, и покрај противењата, сепак направи значителни отстапки во однос на своите почетни позиции. „Грчките власти се обврзаа дека ќе се воздржат од отфрлањето на едностраните промени на политиките и структурните реформи, коишто негативно би влијаеле врз фискалните цели, економското заздравување или финансиската стабилност“, се истакнува натаму во заедничката изјава не Еврогрупата.

Грција, исто така, недвосмислено се обврзала дека ќе ги почитува своите финансиски обврски кон доверителите и ќе ги исполнува во целост и навремено. Кога станува збор за фискалниот суфицит, во изјавата се вели дека за оваа година, институциите ќе ги земаат предвид економските околности, со што делумно е почитувано барањето на Атина.

Според досегашната програма за помош, Грција за оваа година требаше да има буџетски суфицит од 3 отсто од бруто домашниот производ (БДП), кој треба да го поткрепи растот на нејзината економија.

Еврозоната, од своја страна, се обврза дека ќе и’ дава на Грција поддршка сé додека таа не може повторно да се финансира на финансиските пазари и се додека ги почитува своите обврски во рамките на догореното.

Од Европската народна партија (ЕРР) веднаш се огласија со соопштение во кое го поздравуваат фактот дека „Грција ги прифаќа правилата на еврозоната“ и дека грчкиот премиер, инаку радикален левичар Алексис Ципрас, ќе мора на своите гласачи да им ја каже вистината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП