24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗŠKODA Superb - новата ера на ŠKODA

ŠKODA Superb – новата ера на ŠKODA

prva

Спектакуларна светска премиера на најдобрата лимузина од ŠKODA во „Форум Карлин“ во Прага, ŠKODA Superb се појави под рефлекторите за прв пат и целосно го привлече вниманието на присутните.

Новиот Škoda Superb го има новиот револуционерен ŠKODA дизајн. Галантни димензии, иновативни системи за помош и безбедносни системи, намалена емисија на штетни гасови и поголема удобност, нови моќни мотори со EU6 стандард. ŠKODA Superb ги поседува типичните „Едноставно паметни” карактеристики кои го поместуваат знаменосецот на брендот во повисока автомобилска класа.

prva

Накратко: новиот ŠKODA Superb е најдобриот Superb кој досега бил произведен.

Извршниот директор на ŠKODA д-р Винфрид Валанд за време на претставувањето на новиот модел изјави: „Овој автомобил го означува почетокот на една нова ера за ŠKODA. Во последниве години, ние целосно ја обновивме и ја проширивме нашата гама. Новиот Škoda Superb ги покажува нашите аспирации за  високата автомобилска класа. Во однос на креативноста и технологијата, достигнавме ново ниво, и воспоставивме нова позиција на Škoda, која го покажува патот по кој брендот ќе се движи во иднина. Овој фантастичен автомобил ќе привлече многу нови клиенти кон брендот ŠKODA”.

vtora
Светската премиера на ŠKODA Superb се одржа во „Форум Карлин“ во Прага, пред 800 високи гости од политиката, бизнисот и популарни лица од целиот свет. Новиот Škoda Superb беше ѕвездата на вечерта. Неговиот прв настап беше проследен со светската премиера на симфонијата „Superb” која ја изведе чешката филхармонија. Потоа настапи легендата на сол музиката Chaka Khan и пејачка Аура Диона.

treta
ŠKODA ја продолжува успешната приказна со третата генерација на Superb. До денес, од првата и втората генерација Superb беа испорачани вкупно 700 000 автомобили кон клиентите.

cetvrto

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП